Во периодот од 23.03.2015 до 27.03.2015 година во водите на Охридското езеро дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции реализираат кондицирање во нуркање.
Високото ниво на подготвеност, нуркачите редовно го одржуваат поради степенот на опасност на кој се изложуваат со секое зануркување.
Редовното кондицирање во нуркање овозможува припадниците на баталјонот за Специјални Намени да ја усовршат својата подготвеност во ракувањето со опремата за нуркање која им е на располагање а воедно и да го одржат високото ниво на физичка подготвеност кое е неопходно за ваков вид на обука.