На 26 март во касарната „Илинден“ во Скопје припадниците на Командата на Логистичката база традиционално го одбележаа Денот на пролетта со засадување на садници со дрвја и цвеќиња, уредување на зелените површини, како и чистење на кругот на касарната.
По тој повод припадниците на Логистичката база, во соработка со „ЈП Национални шуми“ – Скопје, засадија 240 зимзелени расади за пошумување, 20 декоративни зимзелени дрвја, 30 листопадни дрвја и 50 цветни расади.
Логистичката база редовно реализира активности поврзани со екологијата и зачувувањето на животната средина.








