На 13 април 2026 година, 60 дечиња од ЈУОДГ „Кочо Рацин“ од Скопје, во придружба на своите воспитувачи, реализираа едукативна посета на единиците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на Армијата. Оваа едукативна активност, организирана во рамки на цивилно-воената соработка, им овозможи на децата да се запознаат со основите на работата на военото воздухопловство.
Посетата беше внимателно прилагодена на нивната возраст и вклучуваше интерактивни презентации за работата на пилотите, техничкиот персонал и другите стручни лица од вВИНГ. Најатрактивниот дел од посетата беше разгледувањето на авиони и хеликоптери, каде што децата имаа прилика да добијат едноставни, но прецизни објаснувања за нивната функција и употреба.
Оваа активност е дел од континуираните напори на вВИНГ за развој на соработката со образовните институции, како и за промоција на значењето на Армијата, военото воздухопловство, како и техничките науки во образованието на младите генерации.








