На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „Trojan Footprint 26“ продолжува со реализација на теренските активности согласно динамичкиот план, при што учесниците на вежбата реализираат обука поврзана со подготовка, организација и спроведување на предвидените задачи. Во рамки на вежбата се спроведуваат практични активности, реализација на боеви гаѓања, санитетска обука, тактички постапки и други специјализирани содржини со цел унапредување на способностите, интероперабилноста и ефикасноста на учесниците.
Посебен акцент се става на размената на искуства и знаења помеѓу учесниците, преку споделување на добри практики, методи на работа и стекнати вештини од различни области. На тој начин се зајакнува меѓусебната соработка, координација и комуникација, а воедно се придонесува за поголема ефикасност, подготвеност и успешна реализација на заедничките активности и задачи.








