На 29 јуни 2026 година, припадниците на Првиот пешадиски баталјон (1.пб), во состав на Првата пешадиска бригада (1.пбр), традиционално го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, по кого го носи името касарната во гарнизонот Кичево.
По повод патронатот, делегации од Армијата, Сојузот на борците од општина Кичево, како и членови на семејството на народниот херој, предводени од неговиот брат Александар Филиповски – Ацо, положија свежо цвеќе пред бистата на Чеде Филиповски – Даме, сместена во Алејата на великаните во кругот на касарната.
Командантот на 1.пб, потполковник Зоранче Ристовски во својот говор, се наврати за животниот пат на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, за богатата воено политичка кариера, за човекот кој секогаш се борел за правда и слобода за својот народ, да се сеќаваме на минатото со благодарност и да ја живееме сегашноста со ентузијазам, за подобра иднината.
Одбележувањето на патронатот претставува израз на почит кон жртвата и делото на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, но и потврда на заложбата на припадниците на Армијата за негување на традициите и зачувување на историското наследство за идните генерации.
На свеченоста присуствуваше и заменикот на командантот на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили.
ГЃ/ДЧ








