На 30 септември 2026 година, согласно годишниот Календар за обука во Логистичка база (ЛБ), клучниот персонал од командата и штабот на ЛБ и првопотчинетите единици реализираа командантско извидување во зоната на одговорност во централниот дел на државата, во поширокиот реон на Демир Капија и Удово.
Целта на оваа активност беше извидување на просторот и согледување на неговите воено-географски карактеристики преку проучување на земјиштето и согледување на можностите за употреба и ангажирање на единиците на ЛБ, организација на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата и начинот на содејство и координација со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем на државата.
Со извршеното командантско извидување се создадоа предуслови за подобро планирање, организирање и координирање на логистичката поддршка, во функција на зголемување на оперативната способност и подготвеност на единиците на Армијата.








