На ден 06.03.2017 година во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на Командантот на ЗОК бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат директно влијание на борбена готовност.
На месечното реферирање за борбената готовност, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи за претходниот месец, постигнатите резултати во обуката, проблемите во текот на реализација на истите, како и тежишните задачи кои треба да се реализираат во наредниот месец.
На крајот од анализата, Командантот на ЗОК, издаде задачи и насоки за реализација на планираните и тежишните активности за наредниот месец.