Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари протоколарна средба со новоименуваното нерезидентно одбранбено аташе на Кралството Белгија, морнаричкиот капетан Курт Енгелен.
На средбата, генералот Лафчиски му посака добредојде и успешен мандат на капетанот Енгелен, изразувајќи уверување дека билатералната соработка помеѓу двете армии ќе продолжи да се продлабочува и унапредува.
Соговорниците ја истакнаа важноста на партнерството како сојузници во НАТО и заедничкиот интерес за продлабочување на воената соработка преку нови можности за заеднички активности и вежби, посочувајќи на успешната обука на белгиските специјални сили како потврда за капацитетот на билатералните одбранбени односи.








