Во периодот од 9 до 13 ноември 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“, припадниците на Артилерискиот баталјон (артб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.пбр) реализираа стационарно логорување и артилериски боеви гаѓања со хаубица „М2А1“ од 105 мм.
Во рамки на планираните активности, припадниците на единицата ги унапредуваа своите знаења и вештини за безбедно, прецизно и навремено дејствување по зададени цели, како самостојно, така и во состав на водовите и батериите.
Преку практична работа и изведување на боевите гаѓања, војниците и старешините ја извежбуваа и проверуваа оспособеноста за правилно ракување со артилериските орудија, како и способноста за нивна ефикасна употреба во рамки на доделените задачи.
Реализираните активности придонесоа за одржување и унапредување на борбената готовност, индивидуалната обученост и колективната оспособеност на припадниците на Артилерискиот баталјон.
ЏР/ДЧ








