Во рамки на континуираните и планирани активности за обиколка и увид во состојбите на командите и единиците, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, изминатиот период оствари работна посета на Баталјонот за врски и Баталјонот за почести стационирани во касарната „Илинден“ во Скопје.
При посетата на Баталјонот за врски, генералот Лафчиски беше пречекан од командантот на единицата, мајор Дијана Нешиќ, која неодамна ја презеде командната должност и е првата жена командант на овој баталјон во неговата историја, што претставува потврда за нејзиниот професионализам, стручност и посветеност, како и за еднаквите можности за напредување во Армијата. Во текот на посетата се разговараше за тековните активности, степенот на борбената готовност и постигнатите резултати во одржувањето на непрекината комуникациско-информациска поддршка.
При посетата на Баталјонот за почести, во фокусот на разговорите беа протоколарните обврски, реализацијата на обуката и подготвеноста на припадниците за достоинствено претставување на Армијата и државата.
За време на посетите, началникот на Генералштабот оствари непосредни средби со припадниците на двете единици, при што оддаде признание за нивниот висок степен на дисциплина, професионалност и посветеност во извршувањето на поставените задачи. Притоа истакна дека Генералштабот продолжува континуирано да ги поддржува единиците во насока на подобрување на условите за работа и зајакнување на нивните оперативни способности.
продолжува циклусот на редовни обиколки на командите и единиците на Армијата, во насока на непосредно информирање со состојбите, предизвиците и потребите на припадниците, како и унапредување на нивната подготвеност и оперативни способности.








