Во рамки на активностите за унапредување на цивилно-воената соработка, на 18 ноември 2026 година, вoздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) на Армијата прими во посета 30 деца на возраст од 5 до 6 години од ЈОУДГ „Срничка“ – Скопје, во придружба на нивните воспитувачи.
Преку непосредно запознавање со дел од капацитетите и работните задачи на вВИНГ, на најмладите посетители им беше овозможено на соодветен и разбирлив начин да дознаат повеќе за военото воздухопловство, професијата пилот, како и за улогата на техничкиот персонал и останатите стручни лица во функционирањето на единицата.
Посебен интерес кај децата предизвикаа авионите и хеликоптерите, кои имаа можност да ги разгледаат одблизу, при што добија основни информации за нивните карактеристики, намена и употреба.
Со ваквите активности, вВИНГ продолжува да ја зајакнува соработката со воспитно-образовните установи, придонесувајќи приближување на Армијата до најмладите и запознавање на идните генерации со значењето на военото воздухопловство и техничките науки.








