Ренџерските игри продолжуваат со реализација на предвидените натпреварувачки дисциплини и активности, во рамки на кои во изминатите два дена учесниците ги покажаа своите војнички вештини, подготвеност и способност за тимско дејствување.
Во овој период беа реализирани повеќе дисциплини, меѓу кои натпревар во гаѓање, тимска прва помош и совладување на командо јаже, при што учесниците имаа можност да ги демонстрираат своите индивидуални способности, но и координацијата и соработката во рамки на тимовите.
Преку овие активности се ставаат на проверка физичката и психичката подготвеност, дисциплината, меѓусебната доверба и способноста за донесување одлуки и функционирање како тим во предизвикувачки услови.
Ренџерските игри претставуваат повеќе од натпреварување – тие се можност за размена на искуства, проверка и унапредување на стекнатите способности, како и зајакнување на тимскиот дух, меѓусебната доверба и војничките вредности.








