Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Организација за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ и Република Северна Македонија во период од 3 до 13 април во организација на ГШ на Армијата се реализираше втората фаза од проектот за надградба на националните капацитети за менаџирање со мало и лесно оружје (МЛО) и експлозивни материјали.
Активноста беше реализирана од страна на 3 лица – мобилен тим за тренинг од вооружените сили на Република Австрија.
Целта на активноста беше обука на учесниците за безбедно менаџирање со муницијата и минско експлозивни средства. Активноста се реализираше во две фази и тоа теоретски дел и практичен дел. Практичниот дел беше реализиран во издвоениот објект Еребино каде учеснициите преку практични вежби се обучуваа за правилно менаџирање со МиМЕС.
На активноста учествуваа претставници од Армијата, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Невладината организација „Организација за експлозиви и оружје“ од Скопје.
Сертификатите за завршен курс беа свечено врачени на учесниците на активноста од страна на заменик началникот на Ј-4/ГШ на Армијата полковник Киро Стојанов.