Во периодот од 6 до 10 јуни 2022 година во Барлингтон, Вермонт, САД, претставници на Армијата на Република Северна Македонија, од родот АБХО, реализираа посета на „Civilian Support Teams“ на Националната Гарда на Вермонт и учествуваа на вежбата „CBRN Platoon Live Agent Familiarization“.
Претставниците на Армијата, на вежбата беа распоредени во улоги на тактичко и оперативно ниво, согласно сценариото на вежбата. За време на посетата се одржаа работни средби со претставници на „Civilian Support Teams“ на кои се разгледаа можности за идна соработка од областа за АБХО.