Припадници од составот на баталјонот за специјални сили (бСС), на покана на Македонската Спортска Качувачка Федерација, учествуваа на качувачкиот маратон , кој оваа година по 12-ти пат традиционално се реализира на Демир Капија.
На качувачкиот маратон, на кој учествуваа алпинисти од земјата и од странство, двајца припадници од бСС, наредниците Веланов и Стоилов, кои имаат големо искуство во оваа дисциплина, учествуваа во улога на спасувачи на повредени на непристапен терен на демиркаписката клисура, каде припадниците на Армијата редовно ги изведуваат вежбовните активности од доменот на алпинизимот, дополнително ја потврдува довербата за високата обученост на припадниците на Армијата.
Континуираната соработка со Македонската Спортска Качувачка Федерација е одлична можност каде може да се разменат искуствата од доменот на планинарењето и алпинизмот, како и унапредување на цивилно воената соработка како една од задачите на Армијата.