Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод првата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО се реализира Централна свеченост на која во присуство на највисокиот воен и политички врв на Република Северна Македонија, припадниците на Армијата на најдостоинствен начин преку строеви постапки и тактичко показни вежби извршија приказ на обученоста, способностите и интероперабилноста постапките со НАТО, како што доликува на Армија, членка на НАТО.
На свеченоста пред присутните се обратија Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, Стево Пендаровски, Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и командантот на здружената команда на НАТО во Неапол адмирал Роберт Бурк, а како дел од церемонијата беше извршен и прелет на хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови на НАТО како дел од воздухопловното патролирање и заштита на воздухопловниот простор (Air Policing).