Денес, во Домот на АРМ во Скопје се одржа реферирање за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на Началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност.
На реферирањето за борбената готовност за 2013 година, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката, задоволството со условите за живот и работа, како и искуствата и научените лекции од учеството во мировните мисии.
На крајот од анализата, генералот Котески го искажа задоволството од степенот на извршувањето на задачите во 2013 година, укажувајќи на главните задачи и проекти кои ја одбележаа изминатата година, при што издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за 2014 година.