Командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ пред началникот на ГШ на АРМ, генерал- потполковник Методија Величковски , денес, во Командата за обука и доктрини во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ , реферираа за статусот на борбената готовност во 2017.
На годишното реферирање , командантите го информираа НГШ на АРМ за досегашната реализација на задачите согласно функционалните области од кои зависи борбената готовност на АРМ.
Посебен осврт во текот на реферирањето беше даден на изнаоѓање начин за подобрување на условите во кои работат припадниците со тежиште на логистичката поддршка и финансиското обезбедување на командите и единиците на АРМ кои имаат влијание на борбената готовност.
Началникот на ГШ на АРМ во своето излагање посочи, дека и покрај сите предизвици и сложени услови во кои функционираше АРМ во текот на годината кога одбележуваше 25години од своето формирање, сите задачи се потполно и квалитетно извршени со максимално залагање на персоналот на сите нивоа.