Денес, 16-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и одбранбеното аташе на Република Србија акредитиран во Република Македонија, потполковникот Жељко Симиќ.
На средбата амбасадорот на Република Србија и одбранбеното аташе на Република Србија, на началникот на ГШ на АРМ, во име на владата на Република Србија, му доделија благодарница со која искрено се заблагодарија за несебичната и експедитивна помош во персонал, техника и средства која Армијата на Република Македонија ја даде при справување со поплавите кои ја зафатија Република Србија во текот на минатиот месец.
Ова признание е потврда за претходно искажаната благодарност на началникот на генералштабот на Војската на Србија Љубиша Диковиќ, кон началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, за професионалноста на припадниците на Армијата на Република Македонија кои беа ангажирани во едно од најпогодените места за време на поплавите, градот Обреновац.