Како дел од планираните активности на генералштабот, во текот на изминатите два дена, дел од клучниот персонал со началникот на генералштабот, реализираше командантско извидување во зоната на одговорност на просторот од западниот дел на Републиката.
Целта на оваа активност е извидување на просторот и е дел од обуката за оперативно планирање и согледување на воено-географските карактеристики на теренот, организација на одбраната и начинот на содејство и координација со останатите субјекти на одбранбениот систем.
Во рамки на командантското извидување, се изведе и кондиционен марш, се обиколија дел од стратегиските воени објекти на Армијата, културно-историските обележја кои гравитираат на овој правец. а учесниците на маршот ја посетија и Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.