Денес, 28-ми јуни на полигонот „Чојлија“ во организација на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, се одржа методско-нагледна вежба „Здружена операција“. На вежбата присуствуваa: Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, Командантот на ЗОК бригаден генерал Методија Величковски, командантите на потчинетите команди и единици и други високи старешини на АРМ.
Вежбата „Здружена операција“ беше успешно изведена со учество на повеќе единици на АРМ и тоа: две механизирани пешадиски чети од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, една тенковска чета Т-72, една артилериско-ракетна батерија „ГРАД“, едно одделение за противвоздушна одбрана од системот „ИГЛА“, еден вод за специјани намени и еден ренџерски вод од составот на полкот за специјални операции, еден вод од баталјонот на Воена полиција, два борбени хеликоптери Ми-24, два транспортни хеликоптери Ми-17, единици за врски, комуникации и за логистичко обезбедување.
Според сценариото, на вежбата беше реализирана супозиција за изведување на синхронизирани борбени дејства за брзо и енергично откривање и уништување на диверзантско-терористички групи, како и ефикасно уништување на различни цели, самостојно и во координација со повисоките команди. На ,,Здружена операција“ учествуваа единици од различни родови и единици на АРМ, кои демонстрираа висок степен на координираност, синергија и борбена моќ на сите борбени системи на бојното поле.
Началникот на ГШ на АРМ вежбата ја оцени со висока оценка, при што тој нагласи дека на неа беше покажан висок степен на борбена готовност, како и подготвеност на единиците од различни формациски состави на АРМ за извршување на сложени тактички задачи на различен терен.