Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денес во Охрид им оддадоа признание на припадниците од Баталјонот за специјални сили за прикажаниот степен на обученост за показната вежба како дел од комбинираната обука од доменот на специјални операции на водени површини.
Генералот Ѓурчиновски и министерката Петровска изразија пофални зборови за прикажаната обученост, оддавајќи признание за професионалноста и залагањето за успешна реализација на активностите согласно планот за обука на баталјонот на специјални сили. Притоа ја нагласија важноста од континуираната динамична обука која придонесува во подобрување на интероперабилноста од доменот на специјалните сили помеѓу НАТО сојузничките Армии.
Прикажаните активности се дел од програмата за денот за високи посетители во рамки на обуката за специјални сили и имплементирање на стекнати искуства од заедничките обуки со специјалните сили од НАТО Армиите во рамки на програмата „Joint Combined Exchange Training – JCET“.
За време на вежбовните активности кои се изведуваат во кампот за обука на вода во Охрид, припадниците од баталјонот за специјални сили, реализираа повеќе активности на вода меѓу кои и обука во нуркање и специјални задачи на водени површини кои овозможуваат унапредување на обученооста и интероперабилноста во извршување на суштинските задачи од доменот на специјалните сили.