Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари редовна планирана посета на командата на КФОР во Приштина.
За време на посетата генералот Ѓурчиновски оствари средба и разговори со командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио, која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал Д’Адарио за командант на КФОР во ноември минатата година.
На планираната годишна средба во Приштина, се разговараше за безбедносната состојба и безбедносните закани во регионот, со акцент на активностите со справувањето со мигрантската криза, во кои е вклученa АРМ, како и за заедничките предвидени активности на АРМ и силите на КФОР.
Генералите Ѓурчиновски и Д’Адарио ја истакнаа досегашната добра соработка на АРМ со КФОР како значајна за севкупната безбедносна состојба во регионот, притоа се разгледаа можностите за понатамошна соработка.
Армијата на Република Македонија ја дава поддршката на КФОР во транзитирањето низ нашата земја при царинските и граничните процедури, користењето на капацитетите на АРМ за медицинска евакуација во случај на потреба и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, кои се одвиваат преку координативниот центар за поддршка од земјата домаќин.
Ваквиот придонес на Република Македонија е значаен и соодветно вреднуван од страна на НАТО командата на здружените сили во Неапол, под чија команда се наоѓаат мировните сили на КФОР.
Редовните планирани состаноците на највисоките раководители на АРМ и КФОР, кои се одржуваат секоја година, се од особено значење за регионалната безбедносна состојба.