Во периодот од 20. – 24.04.2015 година, во хотел „Милениум“ во Охрид и во касарната „Чеде Филиповски –Даме“ во Кичево се реализира напреден НАТО курс на тема „Заштита на животната средина и системи за менаџирање на животната средина во армијата“. Курсот е поддржан од НАТО програмата за Наука за Мир и Безбедност.
Најголемиот дел од предавањата беа реализирани од еминентни претставници и експерти од: САД, Велика Британија, Шведска, Канада и Холандија, но дел од предавањата ги презентираа предавачи од Министерството за одбрана, АРМ и Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Целта на курсот е фамилијаризација на старешините и цивилните лица од АРМ и вработени во јавната администрација на Република Македонија и балканските држави со програмата на НАТО за заштита на животната средина, со акцент менаџирање на заштитата на животната средина во Армијата, во касарнитeили за време на операции во мисиите во странство.