Во рамките на повеќедневната посета на САД, денес 19.07.2013 година НГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески придружуван од Амбасадорот на Република Македонија д-р Зоран Јолевски, положи венец на гробот на незнајниот војник на меморијалните гробишта во Арлингтон, Вирџинија.
Исто така го посети музејот на меморијалот каде положи и плакета во спомен на посетата и во чест на незнајните војници.