Денес, 15-ти август, во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ, во касарната „Илинден“ во Скопје на крводарителската акција на припадниците на АРМ и се приклучија Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини и Директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски.
Крводарителската акција покрај касарната „Илинден“, се одвиваше и во касарните „Боро Менков“ Куманово и „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, а досега вкупно се донирани 400 крвни единици. Хуманитарната акција која се изведува во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ во моментов опфаќа и акции во дарување на облека и обувки од припадниците на АРМ и до сега се собрани над 50 пакети облека и обувки. Дел од собраните средства се донирани во подрачните организации на Црвениот крст, а останатите на Невладини организации кои ги подржуваат хуманитарните активности.
Хуманитарните активности во кои учествуваат припадниците на АРМ несебично и масовно ќе продолжат и во наредните денови.