Денес, 12-ти јануари, на спомен обележјата кај катлановско Блаце и пред командата на воздухопловната бригада на АРМ (вБР) беше одбележана седумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на (вбр) на АРМ.
На спомен обележјето кај катлановско Блаце, венци со свежо цвеќе положија делегации на: Министерството за одбрана, предводена од министерот Зоран Јолески, генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.
Помен на загинатите припадници на АРМ беше оддаден и во кампот Бутмир, Сараево, Босна и Херцеговина, од каде учесниците во мисијата АЛТЕА тргнаа на последниот лет.