Денес 10 јануари пред командата на Воздухопловната бригада на АРМ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одбележа шест годишнината од хеликоптерската несреќа во кога трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада.
По тој повод на спомен обележјето, венци со свежо цвеќе положија делегации од Министерството за одбрана предводена од заменик министерот за одбрана Емил Димитриев, од Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада и од Првата механизирана пешадиска бригада.