Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Република Полска предводена од генерал Мјечеслав Гоцул, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во текот на официјалната посета изврши обиколка и на јужната граница на Република Македонија.
При посетата на јужната граница во реонот на караулата „Богородица“, припадниците на Армијата на Република Македонија на делегацијата ја прикажаа актуелната безбедносна ситуација при што се презентира начинот на кој АРМ ги спроведува доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања.
Генералот Гоцул искажа особен интерес за начинот на менаџирање на капацитетите преку најадекватна примена на мерките и процедурите кои АРМ со успех ги спроведува во досегашниот период при справувањето со мигранската криза.
Во последниот ден од посетата делегацијата на ВС на Република Полска го посети Полкот за специјални операции во касарна „Илинден“ во Скопје.