Припадниците на Армијата на Република Македонија од касарната „Илинден“ во Скопје беа меѓу првите кои беа ангажирани во ублажување на последиците од летните катастрофални поплави кои го зафатија скопскиот регион.
Искажаната несебичност и давање на максимумот од своите потенцијали при ангажирањето, единиците на АРМ продолжуваат да го покажуваат преку постојано внимание кон најмладите од овој регион.
Претставници од полкот за специјални операции (пСО) и баталјонот на воената полиција (бВП)од составот на здружената оперативна команда заедно со командантите во пресрет на новогодишните празници ги посетија учениците во основните училишта ОУ „Кирил и Методиј“ , ОУ „25-ти мај“ и ОУ „Крсте Мисирков“ во Стајковци и Ченто.
Притоа на најмладите како знак за меѓусебно внимание од страна на припадници на пСО и бВП се подарија сокови и чоколади, кое пак од страна на учениците беше прифатено со благодарност и желба за посета на овие единици и во понатамошно традиционално меѓусебно дружење.
Локациите на овие училишта беа користени за активности во горенаведениот период, како за тактичко оперативниот центар така и како дистрибутивни и координативни центри во кои АРМ имаше постојан ангажман.