Денес, 13-ти јануари, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Горанчо Котески во проштална средба го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Пол Волерс.
На средбата, генералот Котески изрази благодарност за досегашниот придонес и ангажман на амбасадорот Волерс, во унапредување на билатералните односи и интензивирање на соработката меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД. Тој искажа очекување дека соработката во оваа сфера ќе продолжи и ќе се продлабочи, особено помеѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт
Генералот, исто така, се заблагодари и за постојаната и силна поддршка што САД ја даваат во однос на прием на Република Македонија во НАТО.
Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, генералот Котески на амбасадорот Волерс му посака успех во натамошната работа.