Денес, 4-ти октомври 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковникот Филип Осмент, Одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија.
На средбата, генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Осмент за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Обединетото Кралство. Должноста Одбранбено аташе на Обединетото Кралство, потполковникот Филип Осмент успешно ја извршуваше во изминатите две години.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за средба и запознавање на НГШ на АРМ со новото Обединетото Кралство во Република Македонија, потполковник Ричард Џон Пари на кого генералот Котески му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на соработката помеѓу двете армии.