Согласно годишниот календар за обука, денес во организација на секцијата за обука и вежби Ј-7 на Генералштабот на Армијата се одржа првата годишна конференција за планирање на обука во Армијата во текот на 2020 година.
На конференцијата потчинетите команди и единици ги искажуваат планираните активности за изведување на обука и вежби за 2020 година, а со тоа и првично согледување на буџетските потреби.
Конференцијата ја отвори Директорот на генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески кој го нагласи значењето на заклучоците и насоките кои ќе се утврдат на оваа конференција за процесот на планирање и менаџирање на обуката.
На конференцијата за обука присуствуваа претставници од организациските единици на Генералштабот и началниците на секциите одговорни за обука и вежби од потчинетите команди и единици, кои ги презентираа планираните активности од доменот за обука и вежби во 2020 година кои ќе се изведуваат самостојно како и учеството на билатерални и меѓународни договорените врз основа на меѓуармиската воена соработка.