Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес и утре на покана од началникот на генералштабот на албанските вооружени сили , бригаден генерал Бардил Колчаку, престојува во работна посета на албанските вооружени сили.
Во склоп на посетата, генералот Ѓурчиновски во текот на утрешниот ден ќе присуствува на воената свеченост во Тирана по повод прославата на 10 годишнината од полноправното членство на Република Албанија во НАТО.
На овој настан се очекува да присуствуваат повеќе од 150 високи воени преставници меѓу кои министри за одбрана и началници на генералштабови на армиите на земјите-членки на НАТО и командната структура на Алијансата.
Оваа посета е одлична можност за размена на мислења со високите воени претставници, особено за транзиционите искуства на армиите од влезот во НАТО, во која по ратификација на договорот од сите земји членки ќе бидеме 30та полноправна членка.
.