На 11 февруари, во Домот на АРМ, во Скопје, започна еднонеделна работилница LOGREP, која претставува активност за индивидуална подготовка на персоналот кој ќе учествува на логистичката вежба LOGDEV 19, која ќе се реализира во период од 06-17 мај, 2019 година, во Тбилиси, Грузија.
На работилницата учествуваат претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Грузија, САД, Србија, Финска, Украина и Шведска a инструкторскиот тим е од НАТО школата од Латина, Италија.
Програмата на работилницата по содржината, формата, темите и начинот на изведување е сличен на НАТО курсот: „LOGREP Basic Course“ (NCISS kod: 226) кој се реализира во НАТО школата во Латина, Италија.
Работилницата има за цел обука на операторите во користењето на модулот LOGREP – Logistics Reporting, кој е составен дел од софтверскиот пакет LOGFAS и се однесува на логистичкото известување во НАТО.
Со завршување на работилницата од учесниците се очекува да бидат оспособени да:
- Во предметниот модул креираат структура на сили, вклучително и внесување на материјални средства со кои истите располагаат;
- Извршат поврзување на силите, средствата и географската локација;
- Изработат логистички извештај: LOGUPDATE и
- Обезбедат податоци за проценка и анализа на логистичките побарувањата.
До започнување на вежбата а со цел заокружување на процесот на индивидуалните обуки поврзани со софтверскиот пакет LOGFAS, останаа за реализација уште две активности:
- Работилница за оператори за модулите EVE и CORSOM, која ќе се реализира во месецот март/април во Тирана, Албанија и
Работилница за запознавање на штабните офицери со пакетот LOGFAS, која ќе се реализира во месецот април во Хрватска.