Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е Кристијан Тимоние и полковник Фабрис Дуда, нерезидентно одбранбено аташе акредитиран за Република Македонија.
На состанокот, генералот Ѓурчиновски и амбасадорот Тимоние разговараа за досегашната билатерална соработка помеѓу АРМ и француските вооружени сили како и за понатамошните заеднички активности со кои би се подобрила воената соработка на уште повисоко ниво.
Притоа се разгледаа планираните активности од планот за билатерална соработка за оваа година каде покрај учество на припадници на АРМ во изучување на францускиот јазик, планирани се и активности од доменот на военото воздухопловство, како и разгледување на потребните процедури за можно заедничко учество во мировни мисии предводени од Обединетите нации.
Генералот Ѓурчиновски заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од страна на Република Франција за вклучување на Република Македонија во НАТО, се заложи за понатамошно јакнење на истата преку конкретни проекти и активности. Притоа е упатена покана за средба на ниво на началници на генералштабови на двете армии. Во оваа прилика НГШ на АРМ му посака успех на полковникот Фабрис Дуда во извршувањето на неговата должност на која тој е поставен од месец јули оваа година.
ТЈ