Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Република Полска за Република Македонија, полковник Марек Вармински.
За време на средбата генералот Величковски на полковникот Вармински, му посака успешно извршување на задачите на оваа должност, а воедно изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Република Полска за нашата стратешка определба за полноправно членство во НАТО.
На средбата во ГШ се дискутираше и за можноста за идно заедничко учество на АРМ и на полските Вооружени сили во вежбовни активности и операции за поддршка на мирот, продолжување и проширување на можностите за добра соработка низ нови форми во понатамошниот период.