Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Украина за Република Македонија, полковник Леонид Кукуруза.
На средбата во ГШ присуствуваше и полковник Фалко Георги нерезидентно одбранбено и морнаричко аташе на Украина за Република Македонија.
На денешната средба, генералот Величковски на полковник Леонид Кукуруза му го честита назначувањето и акредитацијата на новата должност, која ќе ја извршува со седиште во Софија, Република Бугарија.
Во рамки на средбата, стана збор за досегашната воена соработка помеѓу двете армии и согледување на можностите во наредниот период за интензивирање на истата од домен на искажаните заеднички потреби.