Денес, 25-ти септември 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е Џес Л. Бејли и Одбранбеното аташе полковник Томас Батлер.
На средбата, генералот Величковски и амбасадорот Бејли ја истакнаа одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили (ВС) на САД, при што и во оваа прилика од страна на НГШ на АРМ беше нагласено дека ВС на САД се стратешки патнер на АРМ во меѓуармиската соработка.
Заблагодарувајќи се за поддршката на САД кон Република Македонија, кон нејзините евроатланска интеграција, генералот Величковски се заложи за понатамошно јакнење и проширување на м соработка помеѓу двете армии преку развој на проекти, во функција на поголема интероператибилност на АРМ со НАТО.