Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес оствари средба со потполковник Ладислав Регенда, одбранбено аташе на Република Словачка за Република Македонија.
На средбата, генералот Величковски ја истакна досегашната успешна соработка со Вооружените сили на Република Словачка, со уверување дека истата ќе продолжи преку имплементација на досегашните форми и видовите на соработка со разгледување на можностите истата да се унапредува и интензивира.
Воедно беше искажана благодарност за досегашната поддршка од страна на Република Словачка на Република Македонија во Евро-атланскиот интегративен процес, а особено во поддршката за справување со мигрантската криза
Должноста одбранбено аташе во Република Македонија, потполковник Ладислав Регенда ја извршува од Белград, Република Србија, а досега таа должност ја извршуваше полковникот Бранислав Пилиар.