Во рамките на повеќедневната посета на САД, НГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера 16–ти јули во Монтпелиер, во сојузната држава на САД Вермонт, заедно со својот домаќин Командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј остварија средба со Заменик Гувернерот на Вермонт Фил Скот, а ги посетија и националниот парламент и Центарот за менаџмент со кризи на оваа сојузна држава.
На средбата со Заменик Гувернерот беше потврдено стратегиското партнерство со Вермонт, а беше истакната и можноста од проширување на соработката помеѓу Република Македонија и Вермонт и во други сфери како образованието, здравството, економијата и др.
Потврдено е од двете армии дека сите капацитети со кои располагаат се ставаат на користење за вежби, заедничка обука и образование на припадници на АРМ и Националната Гарда на Вермонт, а со цел подготовка на постоечките единици и капацитети за евентуално идно заедничко распоредување во пост ИСАФ Мисијата во Авганистан.
Посетата на НГШ на АРМ продолжува утре во Вашингтон каде ќе има средби со Началникот на Здружениот Генералштаб на САД генерал Мартин Демпси, со помошникот Државниот Секретар на САД Филип Рикер, со заменик помошникот на секретарот за одбрана Евелин Фаркаш како и со директорот на Националната Гарда на САД.
На линкот подолу може да се погледне снимката објавена на NEWS CHANEL 5 за посетата на НГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески на обуката на инженериските единици од составот на Националната гарда на сојузната држава на САД Вермонт. Во истата може да го видите и краткото интервју кое оваа телевизија го имаше со НГШ на АРМ. Снимката е објавена на ден 17.07.2013 година.