Највисокото воено раководство традиционално во пресрет на новогодишните празници, денес во Домот на Армијата во Скопје оствари средба со поранешните началници на Генералштабот, поранешните министри за одбрана и пензионираните генерали.
На средбата, во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски, поранешните најодговорни лица во одбраната и оваа година пензионираните генерали имаа можност да се запознаат за тековните активности и процесите во одбраната, како и претстојните активности.
Од страна на највисокото воено раководство на присутните им се одаде признание за нивниот влог во достигнувањата на Армијата во текот на тридеценискиот развој.
Воедно поранешните началници на Генералштабот, поранешните министри за одбрана и пензионираните генерали имаа можност да ги истакнат нивните предлози и сугестии а воедно и да ги споделат нивните искуства.
На средбата покрај претседателот Пендаровски, министерката Петровска и началникот на ГШ, генералот Ѓурчиновски, присуствуваа и останатите генерали во Армијата и дел од раководните лица во министерството за одбрана и од кабинетот на Претседателот.