Денес (03.12.2014 година), припадниците на АРМ активно се вклучија во акцијата „Денот на дрвото“. Врз основа на извршената координација со координативното тело на акцијата, АРМ се ангажираше на седум пунктови низ Република Македонија, на кои млади стебла засадуваа 350 припадници на АРМ од осум армиски гарнизони, по следното:
- во Скопје на пунктот Миладиновци;
- во Куманово на пунктот Среден Рид кај Младо Нагоричане;
- во Кичево на пунктот Љубен Србјани;
- во Велес на пунктот Езеро „Младост“(над Бела Вода);
- во Прилеп на пунктот Лениште (Корија) и
- во Тетово на пунктот Рогачево (Шишмановец) и
- во Свети Николе на пунктот Богословец (Голем Дол).
На денешната акција, припадниците на АРМ на наведените пунктови низ земјава се очекува да засадат околу 40 илјади различни садници.
Со организираното приклучување кон оваа најмасовна еколошка акција во Република Македонија, АРМ како и во изминатите години, ќе го даде својот придонес кон обновувањето на шумскиот фонд на Република Македонија, како и во изградбата на еколошката свест за зачувување на шумите како едно од нашите најголеми богатства.