Началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски во период од 08.12-10.12.2015 година учествуваше на овогодинешната НАТО конференција на Началниците на трансформација (Chiefs of Transformation Conference – COTC).
Конференцијата се одржа во седиштето на Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк, Вирџинија, Соединетите Американски Држави, и на неа учествуваа претставници од 28 земји членки на НАТО, од 23 партнерски нации и претставници од други институции.
Активноста креирана во вид на форум е значајна за секоја армија од земјите членки или партнерските земји на НАТО Алијансата, бидејки преку разговори се разменуваат идеи, иницијативи и најдобро покажаните пракси во трансформација на армиите, но исто така и идентификување на потенцијалните области на соработка.
Генералот Величковски за време на форумот оствари поголем број на билатерални и мултирателарни средби и притоа размени искуства со генерали на високи позиции во командата на НАТО и водечките земји членки.
Од страна на соговорниците е истакната силната поддршка за успешното спроведување на реформите на АРМ и пофални зборови за исполнувањето на зацртаните цели на 17тиот Акционен План за членство во НАТО.
Акцент за време на конференцијата и реализираните средби беше ставен на можните импликации предизвикани од поместувањата во пејсажот на безбедносните предизвици во 2015 година.
Учеството на конференцијата која оваа година се одржа на тема : „Стратегискики иновации и подржана трансформација“ е одлична можност за подобрување и прилагодување на позициите пред претстојниот НАТО самит во Варшава.
НАТО конференција на Началниците на Трансформација е годишен настан на кој учествуваат Началници на Генералштабови и други генерали на високи позиции од назначените НАТО и партнерските нации вклучени во процесот на трансформацијата.