На теренот во спортската сала во Куманово се реализира пријателски фудбалски натпревар помеѓу припадниците на Армијата и припадниците на Косовските Безбедносни Сили (КБС).
Натпреварот го отвори командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски кој во својот поздравен говор истакна дека овој натпревар има за цел да ги зближи припадниците од Армијата и КБС како и да ја продлабочи соработката. Натпреварот всушност претставуваше возвратна посета на нашата армија.
Натпреварот заврши со нерешен резултат од 4-4. За време на пријателскиот натпревар, можеа да се видат и убави фудбалски потези и гестови на взаемна почит и пријателство. Екипата на Армијата беше предводена од ЦЛ Горан Астарџиев.
Со доделувањето на пехарот за екипата на КБС како гест на гостопримство, командантот на ЗОК изрази благодарност за одигрувањето на натпреварот.
ЧС/БН