PDF документ
МЕДИУМСКИ ПАКЕТ
За вежбата
„БРЗ ОДГОВОР 25“
„IMMEDIATE RESPONSE 25“
како дел од вежбата
„DEFENDER 25“
“Dynamic Employment of Forces to Europe for NATO Deterrence and Enhanced Readiness”
првични информации за вежбата
2025 година
Спецификации на вежбата:
ИМЕ: „IMMEDIATE RESPONSE 25“
ФОРМАТ: Вежба на командно место/теренска вежба со бојни гаѓања.
ОРГАНИЗАТОР: Европска команда на САД/Команда на Копнени сили на САД за Европа и Африка (USEUCOM/USAREUR-AF);
Армија на Република Северна Македонија – Команда за операции
ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕ: 26 мај – 9 јуни 2025 година
ОБЛАСТ: АП „Криволак“ – Република Северна Македонија
УЧЕСНИЦИ: Армии на 7 НАТО земји и 2 партнерски земји со околу 2200 учесници
(Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Национална гарда на Вермонт), Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединето Кралство и НАТО земји партнери Австрија и Косово.
- Контингент на учесници од Армијата на Република Северна Македонија: 950 припадници на Армијата (Лесната пешадиска баталјонска група, воздухопловен ВИНГ, Логистичка база);
- Контингент на учесници од Армијата на САД: 710 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Албанија: 30 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Грција: 50 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Италија: 30 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Црна Гора: 185 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Обединето Кралство: 2 учесници;
- Контингент на учесници од Армијата на Австрија: 70 учесници;
- Контингент на учесници од Косово: 150 учесници.
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕЖБАТА:
Името на вежбата „DEFENDER 25“ за разлика од претходните изданија на DEFENDER, сега претставува акроним, кој означува „Динамично ангажирање на силите во Европа за одвраќање и зголемена подготвеност на НАТО“, која ќе се одржи во периодот од 11 мај до 24 јуни 2025 година.
„DEFENDER 25“ е најголемата вежба на американската армија во Европа, закажана од Европската команда на САД, а реализирана од американската армија за Европа и Африка. Во вежбата, вкупно учество ќе земат околу 25.000 припадници од сојузнички и партнерски земји, од кои 13.000 припадници учествуваат од 29 земји, а 18 земји од нив ќе бидат домаќини.
Оваа година, шестото издание на „DEFENDER 25“, се фокусира на стратешко распоредување на силите, употреба на однапред позиционирана армиска опрема и последователни вежби што демонстрираат смртоносна способност и интероперабилност со сојузниците и партнерите.
Вежбата ќе се реализира во три фази и тоа преку вежбите Swift Response, Immediate Response и Saber Guardian.
Вежбата „Immediate Response 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа како дел од вежбата“Defender Europe 25” предводена од Армијата на САД која се изведува на територијата на членките на НАТО од јужниот дел на Европа и во која учествуваат и Армиите на НАТО од Европа: Црна Гора, Албанија, Италија, Грција, Обединето Кралство и единица од Австрија и Косово како дел од заедничката програма за вежби на USEUCOM-AF.
Вежбата Immediate Response 25 ќе се реализира во периодот од 26.05. до 09.06., на која учество ќе земат околу 12.000 припадници, од кои 4.000 припадници на САД и 8.000 припадници од сојузничките и партнерските сили од 19 земји, организирани од 8 земји домаќини: Македонија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, и Словачка. Вежбата демонстрира.
Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 2230 армиски припадници од 7 земји членки на НАТО и две земји партнери и годинава ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија.
Сценариото на вежбата „Immediate Response 25“ е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река, и АБХ одбрана вежби.
Придобивки од изведување на вежбата
- Зајакнување на командни и штабни вештини на персоналот;
- Подобрување на способностите преку заедничка обука и усогласување на своите тактики, техники и процедури со стандардите на Алијансата;
- Можност за потврда на подготвеноста, мобилноста и координацијата на декларираната лесна пешадиска баталјонска група;
- Потврда на можностите на нашите армиски капацитети за изведување на вежби од големи размери;
- Зголемена стратешка позиција во рамките на НАТО преку учество и прием на меѓународни сили;
- Поцврсти воени односи со соседните земји; и
- Зајакнување на цивилно-воената соработка.
ЦЕЛИ НА ВЕЖБАТА:
- Синхронизација на комбинирани вооружени сили и потврда на тактиките, техниките и процедурите со другите земји учеснички на НАТО Алијансата за спроведување на координирани конвенционални и здружени операции во урбана средина во сите временски услови;
- Подобрување на нивото на интероперабилност на декларираните состави и извежбување со земјите партнери;
- Промоција на полигонот „Криволак“, како капацитет за обука;
- Потврдување на националните/партнерските RSOI (Reception, Staging, Onward Movement and Integration) процедури;
- Реализација на ефективност во командувањето при реализација на процесот на донесување на воена одлука (ПДВО), преку користење на аналогни и дигитални процеси.
- Градење на подготвеност и меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу армиите на НАТО и партнерските армии, низ широк спектар на речиси симултани операции, кои се изведуваат во повеќе зони.
ЕЛЕМЕНТИ НА ВЕЖБАТА:
- Планирање и реализација на здружени вооружени операции во урбана средина.
- Организациска структура со интеграција на партнерски единици за обезбедување функционалност на системот на командување и контрола (КиК) за планирање и реализација на комбинирани борбени операции и борбени операции во урбани средини.
- Спроведување на операции за експедитивно распоредување.
- Координирање на тактики, техники и процедури за комбинирано вооружено дејство.
- Потврдување на планирањето на комуникациско-информацискиот систем и процедури за размена на информации.
- Потврдување на процедурите за разузнавање, со цел спроведување на комбинирани борбени операции.
- Подобрување на улогата за логистичката одржливост.
ПЛАНИРАЧКИОТ ПРОЦЕС ЗА ВЕЖБАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 18 МЕСЕЦИ:
31.07-04.08.2023 – Работилница за изработка на целите на вежбата (Висбаден, СР Германија).
11-15.09.2023 – Конференција за изработка на концептот на вежбата (виртуелна)
08.-12.04.2024 – Иницијална Планирачка Конференција (виртуелна).
22-26.07.2024 – Главна Планирачка Конференција (Тирана, Република Албанија) и
09.-13.12.2024 – Финална Планирачка Конференција (Солун, Република Грција).

ВИД НА ВОЗДУХОПЛОВИ И ОПРЕМА:
Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како позначајни средства ќе бидат:
оклопни возила од серијата на ЈЛТВ и „HMMWV“,
4 тенкови Леопард од Р. Грција
2 борбени хеликоптери „AH-64 APACHE“
3 транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black hawk)
транспортен хеликоптер „Ми 8/17“
Минофрлачи 120 мм,
Инжинериско возило „Хаски“


Веб страни:
https://mil.mk/
https://mod.gov.mk/
https://www.europeafrica.army.mil/
Фејсбук:
https://www.facebook.com/Armija.Republika.Severna.Makedonija
https://www.facebook.com/DefenceMKD/
https://www.facebook.com/USArmyEURAF
КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВОЕНИ ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ВО ГШ НА АРМИЈАТА
Контакт телефон: 02/3282-459
Телефон/факс: 02/3282-461
Портпаролот на Генералштабот:
Полковник Дарко Стерјовски
Контакт телефон: 072/208-253
E-mail: [email protected]
[email protected]
[email protected]
Сектор за информации и комуникации/ Министерство за Одбрана
Душко Аврамовски
Контакт телефон: 02/3282-487 и 076/298-061
E-mail: [email protected]
Контакт со Центарот за Односи со Jавноста на вежбата:
Потполковник Часлав Стојмановски
Контакт телефон: 071/296-369
E-mail: [email protected]
[email protected]