Вежбата „Здружен отпор 13“ претставува теренска вежба која ќе се реализира во период од 27.05-07.06.2013 година, во Центарот за обука „Пепелиште“, АП „Криволак“ и с. Мушанци.
Вежбата „Здружен отпор 13“ е теренска вежба со единици на терен, базирана на сценарио за операции за справување со природни катастрофи и пружање на хуманитарна помош предводени од НАТО/ЕУ или ОН со која треба да се демонстрира интероперабилност помеѓу армијата, цивилните агенции и земјите од регионот.
За време на вежбата ќе се одвива самооценување ниво 1 на Леснaта маневарска болница од ниво 2, со цел исполнување на условите за партнерската цел 4244.
Пред реализацијата на сценариото на терен претходи дидактички дел од вежбата (курсеви на кои ќе предаваат професори од Одбранбениот институтот за медицински операции на САД).
На вежбата и претходеа квалитетни подготовки преку реализираните: конференција за изработка на концепт на вежбата иницијална, главна и финална планирачка конференција и работилница за изработка на документите. Работен јазик за изработка на документите е англискиот, а навреме беа изработени спецификација на вежбата (EXSPEC-Exercise Specification), План на вежбата (Exercise Plan), листата на настани и инциденти (Mein Incidents List/Mein Events List), како и другите потребни документи.
На Денот на високи гости учесниците на вежбата ќе прикажат дел од активностите со кои ќе се среќаваат во операциите за справување со природни катастрофи и давање на хуманитарна помош предводени од НАТО/ЕУ или ОН како: прва медицинска помош, извлекување евакуирање и згрижување на повредени и заболени како и соодветен здравствен третман во Лесната маневарска болница ниво од 2 во подрачја зафатени со природни катастрофи.
На вежбата ќе учествуваат припадници од Армијата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, како и од армиите на САД, Албанија, БиХ, Црна Гора, Словенија и безбедносните сили на Косово.