PDF документ
МЕДИУМСКИ ПАКЕТ
За вежбата
„БЛЕСОК 26“
првични информации за вежбата
Спецификации на вежбата:
ИМЕ: „БЛЕСОК 26“
ФОРМАТ: Теренска тактичка вежба со боeви гаѓања.
ОРГАНИЗАТОР: Армија на Република Северна Македонија
ВРЕМЕ НА ИЗВЕДУВАЊЕ: 19 – 27 април 2026 година
ЛОКАЦИЈА: АП „Криволак“ – Република Северна Македонија
УЧЕСНИЦИ:
Армија на Република Северна Македонија
- Единици од Армијата: околу 1500 припадници на Армијата
- Двајца НАТО монитори и четворица набљудувачи од мултинационални копнени сили (Италија, Унгарија, Словенија)
- Раководство на вежбата:
- Команда за операции (1.пешадиска бригада, Лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ));
- Поддршка:
- воздухопловен ВИНГ;
- баталјон на Воена полиција;
- баталјон за врски;
- Логистичка база;
- баталјон на специјални сили.
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВЕЖБАТА:
Вежбата „Блесок 26“ претставува продолжение на серијалот вежби „Македонски Блесок“ и е значаен сегмент во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како НАТО декларирана единица. Оваа тактичка теренска вежба со боеви гаѓања, која ќе се реализира во период од 19-ти до 27-ми април 2026 година, има за цел да обезбеди услови за демонстрирање и согледување на нивото на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО. Оценувањето на ЛПБГ ќе се реализира преку нејзино ангажирање во генерирано реално опкружување со употреба на спротивставени сили. Вежбата ќе се спроведува на Армискиот полигон „Криволак“, како и во касарните „Јане Сандански“ – Штип, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Страшо Пинџур“ – Петровец.
Оценувањето ќе го спроведе национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбената подготовност на копнените сили според стандардите и процедурите на НАТО Алијансата. За време на оценувањето, тим од НАТО монитори ќе го следи процесот и примената на методологијата на оценување, што е предуслов за валидност на оценувањето.
Преку реализацијата на вежбата се овозможува дополнително унапредување на способностите на ЛПБГ, при што ќе се изврши проверка на логистичката одржливост, како и примената и развојот на тактичко-техничките и оперативни процедури.
Еден од клучните аспекти е проверката на системот за командување и контрола, со цел идентификување на можности за негово понатамошно подобрување и поефикасно функционирање.
Вежбата „Блесок 26“ значајно ќе придонесе за развојот и унапредувањето на оперативните капацитетите на Армијата, при што се очекува да се постигнат важни цели кои ќе влијаат на борбената подготвеност и ефикасност на единиците
ЦЕЛИ НА ВЕЖБАТА:
- Да се изврши оценување и увид на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) во согласност со стандардите на НАТО за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици;
- Проверка на системот за командување, координација и контрола;
- Проверка на логистичката одржливост на единицата при изведување на операции;
- Извежбување за прифат, распоредување и понатамошно движење на сили од НАТО при транзит низ нашата држава;
- Проверка на имплементацијата на тактичко-техничките и стандардно оперативните процедури при извршување на мисијата на единицата.
ЕЛЕМЕНТИ НА ВЕЖБАТА:
- Контрола на вежбата со свои придружни елементи кои ќе раководат со вежбата и ќе овозможат нејзина успешна реализација.
- Примарен елемент за обука:
- ЛПБГ (со единици од својот состав);
- Секундарен елемент за обука:
- претпоставена команда која ќе командува со ЛПБГ;
- Воздухопловен оперативен центар
ПЛАНИРАЧКИОТ ПРОЦЕС ЗА ВЕЖБАТА ТРАЕШЕ ПОВЕЌЕ ОД 8 МЕСЕЦИ:
| Временски период |
Активност |
| 09-12.09.2025 |
Работилница за спецификација на вежбата (Куманово) |
| 06-10.10.2025 |
Работилница за планот на вежбата и целите на обуката (Штип) |
| 03–07.11.2025 |
Иницијална Планирачка Конференција (Штип) |
| 01-05.12.2025 |
Работилница за изработка на концептот на операции (Штип,) |
| 12-16.01.2026 |
Главна Планирачка Конференција (Штип) |
| 02-06.02.2026 |
Работилница за финализирање на документите (Штип, ЦО „Пепелиште“) |
| 02-06.03.2026 |
Финална Планирачка Конференција (Штип) |
AГЕНДА НА АКТИВНОСТИ „Блесок 26“
| Р.Бр |
Настан |
Време |
Локација |
| 1. |
Пристигнување на персоналот и техниката за вежбата |
16.-20.04.2026 |
Криволак |
| 2. |
Отворање на вежбата |
20.04.2026 |
Пепелиште |
| 3. |
Реализација на вежбовни активности |
19-27.04.2026 |
Криволак, Штип, Петровец и Прилеп |
| 4. |
Оценување на ЛПБГ |
20.-24.04.2026 |
Криволак, Штип, Петровец и Прилеп |
| 5. |
Ден за високи гости |
27.04.2026 |
Криволак |
| 6. |
Затворање на вежбата |
27.04.2026 |
Пепелиште |
Поважни датуми:
Церемонија на отворање
– 20 април 2026 г., време:11:00;
– Место: плато во камп „Пепелиште“.
Ден за високи гости
– 27 април 2026 г., време:11:00;
– Место: Џидимирци, АП „Криволак“.
Изјава за медиуми за оценувањето на ЛПБГ
– 24 април 2026 г., време: (дополнително ќе биде одредено)
– Место: (дополнително ќе биде одредено)
Церемонија на затворање
– 27 април 2026 г., време:15:00;
– Место: плато во камп „Пепелиште“.
ПРИКАЗ НА СРЕДСТВА, МОТОРНИ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБАТА „БЛЕСОК 26“:
- Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како позначајни средства ќе бидат:
- Оклопни возила од серијата на JLTV со систем за далечинско управувана вооружена станица;
- Tранспортен хеликоптер „Ми 8/17“;
- Хаубица БОРАН 105 мм со систем за контрола на оган;
- Хаубица M2A1 105мм;
- Минофрлачи 120 мм.
- Инженериски машини:
- Husky 1: Оклопно возило за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства и импровизирани експлозивни направи;
- Husky 2: Оклопно возило за уништување и онеспособување на неексплодираните убојни средства и импровизирани експлозивни направи.
- Беспилотни летала.