На април 2026 година, во кампот за обука „Пепелиште“, со свечено постројување на дел од учесниците на вежбата беше реализирана свечена церемонија за затворање на националната вежба „Блесок 26“, со што се означи завршувањето на циклусот на активности насочени кон оценување и потврдување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група, како НАТО цел на способност.
Пред присутните се обрати директорот на вежбата, полковник Игор Арсовски, кој изрази благодарност до сите учесници за нивниот професионализам, посветеност и придонес во успешната реализација на сите активности кои овозможија ЛПБГ да биде оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија во согласност со стандардите за оценување на копнените команди и единци од Здружената команда за операции на НАТО при што на крајот официјално ја прогласи вежбата за затворена.








