Во Командата за обука и доктрини во касарната во Велес се реализираше акција на доброволно дарување на крв на која покрај вработените во голем број учество земаа и војниците на доброволно служење на воен рок како и ново примените професионални војници.
Крводарителите и на денешната акција на дело да ја покажата својата хуманост и човечност со масовно учество во оваа крводарителна акција.
На денешната крводарителна акција на која имаше голем одзив се собраа повеќе од 120 крвни единици со што како и многупати досега се потврди хуманоста на припадниците на Армијата на Република Македонија.
Со оваа крводарителна акција Командата за обука и доктрини во целост ги реализираше предвидените крводарителни акции согласно годишниот план.
с/г